Променливо облачно и ветровито

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, во крајните западни делови со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, поизразен долж Повардарието каде ќе надмине брзина од 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне 15 степени.

Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски