Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Се уште ќе биде студено во утринските часови. Преку денот ќе има зголемување на облачноста, локално особено во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе овозможи покачување на температурата.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од еден до шест степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот можен е слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната до три степени.
Во петок ќе има покачување на температурата. Повторно се очекуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, особено врнежи ќе има во западните делови од земјава. Во сабота, пак, од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе овозможи на некои пониски места особено во северните делови од земјава да има врнежи од снег. Врнежите ќе бидат особено застапени во утринските и претпладневни часови кои во текот на денот ќе престануваат. Затоплување се очекува повторно од недела.