Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени.
УВ индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 25 степени.
Според УХМР, утре и задутре во поголем дел од денот времето ќе се стабилизира.
Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.