Прогласена ограничена епидмија на морбили во општина Гази Баба

Од:

Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство прогласи ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба, откако пет лица со клиничка симптоматологија на морбили се примени на Клиниката за инфективни болести и докажано е дека станува збор за морбили со серолошка специфична реакција.

Од Комисијата информираат дека пациентите се во стабилна и добра општа состојба. Станува збор за четири деца од Кванташки пазар и едно од Кондово.

Звонко Миленковиќ од Инфективна клиника рече дека петте пациенти кои се примени, хоспитализирани и потврдени имаат епидемиолошка поврзаност. Посочи дека причината поради која се хоспитализирани е појава на компликации.

– Морбилите што долги години не сме ги имале во Република Македонија, сега се појавуваат повторно. Тоа е вообичаена состојба во средини каде што имаме пропусти, односно имаме недоволен опфат на вакцинални постапки, истакна тој.

Јованка Костовска од Комсијата за заразни болести информира дека се преземаат мерки на терен и оти се врши вакцинација кај Кванташки пазар и во Кондово на лицата што имале близок контакт со заболеното лице.

Од Комисијата е препорачано до службите за имунизација на територија на Град Скопје да се провери евиденцијата и на терен да се откријат невакцинираните, непријавени и нецелосно вакцинирани деца и веднаш се вакцинираат со МРП вакцината.

Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје презема активности меѓу кои вакцинација на сите лица на возраст од шест месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”.

Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје ќе спроведат засилен епидемиолошки надзор, проверка на вакциналниот статус и стручно методолошка помош на превентивните тимови за имунизација на целата територија на Град Скопје. Се подготвуваат и информативни флаери за морбили до матични лекари, градинки и училишта и истите ќе бидат поставени на своите веб страни .

Од Комисијата препорачуваат дека во болничките здравствени установи потребно е почитување на режимот за посетата, согласно интерните одлуки на здравствената установа, интензивирање на мерките за спречување интрахоспитално ширење на болеста и зајакнување на општите профилактички мерки за дезинфекција и проветрување во воспитно образовни установи и установи за згрижување деца.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов