Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на ЕНАМ

Од:

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и претседател на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА), Мишо Докмановиќ е избран за член на Одборот на директори на Европската мрежа на американски алумни организации (ЕНАМ).

ЕНАМ, како што се наведува во соопштението на МААА, опфаќа 68 организации на учесници на програми за размена со САД од 36 земји во Европа и Азија.

Професорот Докмановиќ во Одборот на директори ќе им се придружи на претставниците на Австрија, Велика Британија, Германија, Ирска, Италија и Унгарија.

За генерален секретар на ЕНАМ е избрана Тониа Арахова од Грција.

Изборот претставува признание за прогресот на земјата, како и активностите кои Македонско – американската алумни асоцијација ги спроведе во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски