Проектот „Го сакам ГТЦ“ ќе биде претставен на конференција во Дубровник

Од:

На меѓународната конференција „Урбани култури на крстопат“ која се одржува во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник, од 14 до 16 септември, од Македонија учествуваат Филип Јовановски, уметник, Никола Писарев, историчар на уметност и кураторката Ивана Васева. Тие ќе претстават неколку свои проекти.

Филип Јовановски и Никола Писарев денеска имаат излагање насловено „Го сакам Градскиот трговски центар (ГТЦ)“: проект за зачувување на автентичната архитектура на ГТЦ“ во рамки на конференцијата „Урбани култури на крстопати“ во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник. Ова е прво интернационално претставување на активистичките дејствувања околу Градскиот трговски центар во Скопје обединети околу Иницијативата „Го сакам ГТЦ“, надвор од македонскиот контекст.

Ивана Васева и Филип Јовановски на 16 септември имаат презентација и јавен разговор на нивната заедничка работа насловена „Сликата избледе во ништавилото – уметничка продукција од перспектива на ништавилото“ во Уметничката работилница Лазарети во Дубровник.

Конференцијата „Урбани културни на крстопати“ поставува прашања за тоа кои уметнички практики и иницијативи можат да придонесат кон преиспитувањето на културната меморија во урбаните простори и како тие се однесуваат на други живи културни експресии? Од друга страна пак, до која мера и на кои начини урбаните „грас рут“ иницијативи можат да придонесат кон парадигматско менување надвор од доминантната неолиберална капиталистичка логока која ги води повеќето урбани хабитат.

Гостувањето е резултат на неколкугодишната соработка на организацијата „Факултет за работи што не се учат“ од Битола/Скопје со организацијата „Фрлачи на сенки“ (Bacači Sjenki) од Загреб и формираната платформа „Урбано зуење“ (Urban Hum) кои се коорганизатори на конференцијата заедно со Универзитетот Chulalongkorn во Банкок, Универзитетот во Дубровник и Универзитетот во Осло.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов