Проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” ќе биде промовиран денеска во Инфо центарот на Националниот парк Галичица.
Почетокот на новиот проект, финансиран од ЕУ и УНДП, вреден 4,3 милиони евра, ќе го промовираат министерот за животна средина Садула Дураку, aмбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон.