Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Од:

– Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески.

На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.

На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.

Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот.

Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.

Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски