Проект на Правниот факултет и УНХЦР: Правна клиника за право на бегалци

Од:

Правниот факултет „Јустинијан Први“ денеска потпиша договор за соработка со Претставништвото на УНХЦР во Скопје.

Потпишувањето на договорот го означи почетокот на спроведувањето на заедничкиот проект – Правна клиника за право на бегалци, во чии рамки ќе се активира предметна програма „Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права“.

Програмата ќе биде достапна во вториот циклус студии по Меѓународно право и односи и право на Европска унија, како дел од глобалната листа на изборни предмети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Деканот на Правниот факултет, Горан Коевски истакна дека понудувањето на предметна програма каква што ќе биде онаа активирана во рамки на Клиниката за право на бегалци – Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права има неколкуслојно значење.

– Интердисциплинарниот пристап кон темите кои ќе бидат обработувани и со тоа содржинска и методолошка збогатеност на целокупната студиска програма на Правниот факултет, унапредување на знаењето на студентите и нивното разбирање на тековните и важни теми како човековите права од една страна, и од друга состојбите на страдање на големи групи како она на бегалците, мигрантите, лицата без државјанство, фокус кон програмите на Правниот факултет кои може да бидат интересни и отворени кон љубопитноста на студентите од соседните хуманистички науки, рече Коевски.

Научниот координатор, Љубомир Данаилов Фрчкоски изјави дека овој изборен предмет за правото на бегалци има импликации и на поширокиот контекст на човековите права.

– Задоволството е поголемо бидејќи се работи за заеднички проект со Претставништвото на УНХЦР во Скопје. Работвме напорно на проектот и посебно на развој на курикулумот и резултат е мошне добар. Договоривме инспиративен курикулум со интердисциплинарна структура и сместен во научните области – политичка филозофија, филозофија на право и меѓународно право, како и организиравме соодветен тим кој ќе го спроведе. Дополнително, разработивме и предлог за вежби кои ќе бидат спроведени заедно со УНХЦР, имено ќе бидат спроведени како практична настава, рече Фрчкоски.

Претставникот на УНХЦР во Скопје Дејан Кладарин истакна дека од особена важност е воспоставувањето соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“.

– Затоа би сакал да изразам голема благодарност до Правниот факултет за отвореноста да дадат важност на прашањата кои се актуелни во светот, во регионот и во земјава, како и за поготвеноста да воведат програма која ќе ги третира прашањата за заштита на бегалците и на таа тема ќе работи со идните правници со цел нивно насочување кон правичност и, пред сè, човечност, рече тој.

Се очекува предметната програма „Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права“ да биде на листата изборни предмети на почетокот на ноември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он