Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

Од:

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната редовна, 19-та седница, ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

„Согласно одлуката на Владата, специфични државни институции на Северна Македонија се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во Северна Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19 во Северна Македонија, поради хуманитарни причини“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија