Политичката работна група составена од претставници на четирите најголеми политички партии ќе се состане денеска во 14:30 часот за да продолжи со преговорите за медиумите, како и за Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради ажурирање на истиот, соопшти европскиот посредник во преговорите Питер Ванхауте.
– Средбите на политичката работна група ќе се одржуваат се додека не се постигне договор за погоре наведените теми, се наведува во пишаната изјава на Ванхауте испратена до медиумите.