Продолжува увидот во Избирачкиот список, се пријавува и дијаспората

Од:

Продолжува јавниот увид во Избирачкиот список за референдумот на 30 септември, а паралелно до 23 август тече и рокот за пријавување на македонските државјани за изјаснувањето.

До 13 август во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК увид во Избирачкиот список направиле вкупно 1.216 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и Струмица – 101. Граѓаните може да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список и електронски преку веб страната на Комисијата www.sec.mk.

Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до 13 август до нив доставиле по службена должност месните канцеларии на Управата за матична евиденција по почетокот на јавниот увид за есенскиот референдум.

Освен во овие четири општини, барања за бришење на седум лица од Избирачкиот список до 12 август има и во канцеларијата на ДИК во Демир Капија. ДИК има подрачни канцеларии во 18 поголеми општини во земјата, кои ја покриваат целата територија на Македонија.

До вчера, пак, преку апликацијата на ДИК доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за изјаснување во македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство за претстојниот референдум. Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка, соопшти ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on