Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во овој предмет обвинет е Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра.
Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.