Продолжува ревитализацијата на улици во Кавадарци

Од:

Продолжува ревитализацијата на улици во Кавадарци. Од Службата за односи со јавноста денеска информираа дека фирмата „Изолација“ од Скопје, која е носител на тендерот, работи на реконструкција на делница од улицата „Методи Џунов-Џико“. Реконструкцијата се врши на потегот од спојот со улицата „Браќа Миладинови“ кај Здравствен дом, до спојот со улицата „Елпида Караманди“.

Во рамки на подготовка на улиците за асфалтирање, нареден зафат е гребење на оштетениот асфалт од улиците „Народен фронт“ и „Браќа Џунови“.

– Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Ас Машини“ работи на изградба на улицата „Лазо Асијата“, веднаш до „Турските гробишта“. На дел од улицата се поставуваат бекатон коцки, додека останатиот дел треба да се покрие со бетон. Согласно проектот, бетонот ќе биде послан на стрмниот дел на улицата од спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“, додека бекатон коцките се поставуваат на нејзиниот порамен дел, појаснија од општинската прес служба.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење