Продолжува реконструкцијата на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа во Кавадарци

Од:

Одделот за водовод за градска и селска мрежа при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци активно работи на терен на неколку локации. Како што информира раководителот Бојан Атанасов, продолжува реконструкцијата на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата „Брушанска”. Исто така, во тек се работите околу приклучоците за вода во индустриската зона, на „Западен булевар”.

– Истовремено, се работи на приклучокот за вода за зеленилото на потегот кај Силекс зградите, но и на улицата „Ќиро Крстев”, кај кејот на реката Луда Мара. Континуирано тече редењето на коцки на повеќе локации низ градот, особено таму каде што се интервенирало поради дефекти и слично, вели Атанасов, додавајќи дека отпочнува и реконструкција на фекалната канализација на улицата „Ѓоре Брушански”.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски