Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја почна расправа за составот на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, врз основа на Одлуката за основање ваква комисија донесена пред Нова Година.
Пратеничката група предводена од СДСМ не предложи членови и, како што најави, нема да учествува во нејзината работа.
– Кога пратеничката група на СДСМ ќе достави предлози за членови на Анкетната комисија веднаш ќе свикам седница и тие ќе бидат вградени во составот на Анкетната комисија, рече на седницата претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски.
Претседател на Анкетната комисија е координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, потпретседател Љупчо Димовски, членови од оваа партија се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.