Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

Од:

Анкетната комисија во Собранието денеска ја завршува работата со сведочење на последните сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски.

Но, актуелниот директор на ФЗО, Миле Сугарев одбил да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за Онкологија, соопшти претседателката на комисијата, Рашела Мизрахи.

– Во текот на денот ќе се појават Оливер Спасовски, Нино Васев и Стево Крстевски. Милан Ристевски не дојде од оправдани причини затоа што работат на случајот и во Обвинителството а тоа не дозволи да го испрашуваме. Јас сум изненадена денеска што нема да дојде актуелниот директор на ФЗО, Миле Сугарев – објасни Мизрахи.

Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако биле уредно поканети и имале обврска да се појават.

– Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата. Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи.

Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.

Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра.

Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната. Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале – рече Мизрахи.

Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија, според Мизрахи ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО.

– Денеска е последен ден за распит, а потоа имаме 30 дена за разгледување на документација по што треба комисија да излезе со заклучоци. Како и во минатото, група на пратеници може да проследат барање за проширување на опфатот на групата – додаде таа.

Би можело да ве интересира

Вештачењето во Србија потврдило несоодветно лекување пациенти на Онкологија

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Љубовницата на поранешниот италијански министер во нов скандал: Поради очилата и е забранет влез во парламентот

Предраг Петровиќ

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

A1on

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on