Опозицијата нема да предложи членови во Анкетната за фалсификувањето на лични документи

Од:

Опозицијата нема да предложи свои членови во собраниската Анкетна комисија за фалсификувањето на лични документи и на денешната седница ќе објасни зошто смета дека формирањето на ова тело нема никаква смисла туку дека тоа е само контра комисија на онаа за скандалот за прислушување.

Денеска собраниската комисија за изборите и именувањата треба да ја формира анкетната комисија која треба да го расчисти скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши и други документи.

Опозицијата гласаше против формирањето на оваа комисија, но тоа што денеска нема да предложи свои членови нема да го спречи формирањето на оваа Анкетна комисија.  Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ инсистираше на формирање на оваа комисија, и покрај тоа што работата на Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните разговори речиси еден месец е блокирана, затоа што претседателот Петре Шилегов одби да закажува и да одржува седници на кои членовите и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе сведочат зад затворени врати. 

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

Орце Костов

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ