А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се формира Анкетна за фабриката за лични карти, СДСМ не предложи членови

by А1он11/01/2016 - 11:5311/01/2016 - 22:02315
Share0

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за формирање Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи. Како што најави пратеничката група не доставила предлози за членови на оваа Комисија и не присуствуваа на денешната седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски информираше дека предлози за членови на Комисијата доставиле ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, а член ќе биде и независната пратеничка Солза Грчева.

– Во моментот кога пратеничката група на СДСМ ќе достави до мене предлози за членови на Анкетната комисија итно ќе свикам седница и тие ќе бидат вградени во составот на Анкетната комисија, рече Илиоски.

За претседател на Анкетната е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, за потпретседател Љупчо Димовски, за членови од оваа партија Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев, од ДУИ Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.

Следете a1on на Youtube YouTube

Врз основа на Одлуката, Анкетната комисија треба да содржи 16 членови, од кои четворица на предлог на опозицијата.

Илисоки реагираше во врска со барањето на пратеничката група на СДСМ за увид во документацијата на Силвана Бонева, член на ДИК, за што беше дискутирано на претходната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која тој не присуствуваше.

– Ако СДСМ уште денеска поднесе барање врз основа на Законот за пристап до документи во рок од 24 часа тие документи ќе ги добијат, или втора варијанта ако сакаат можат да се качат кај мене во канцеларија и да ги видат на лице место, рече претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

anketnasobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео