Продолжува портокаловата фаза, температурата до 40 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 32 до 40 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 40 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Поради високите температури од портокалова фаза во државава продолжуваат да важат препораките на Министерството за здравство – од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите други лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Да се јаде лесна и свежа храна, да се пијат многу течности, посебно вода, најмалку два литра, да се носи лесна облека, да се избегнува директна сончева изложеност, да не се одржуваат спортски активности на отворено од 11 до 17 часот, градинките да не ги изнесуваат децата надвор и да не практикуваат физичка активност во од 11 до 17 часот,…, се исто така, дел од препораките.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат матичниот лекар. Поради повисоките температури, според Министерството, потребен е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Работодавците треба да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено од 11 до 17 часот, обезбедување одмор под сенка за работниците и доволно течности, на секои два часа.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски