Продолжува „Го сакам ГТЦ“

Од:

Aкцијата за зачувување на автентичниот лик на Градскиот трговски центар во Скопје, под наслов „Го сакам ГТЦ“ ќе продолжи со различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции, најауваат организаторите на оваа граѓанска иницијатива. Деталите за натамошниот тек на акцијата же бидат соопштени утре на прес- конференција која ќе се одржи на платформата од ГТЦ кон паркот „Жена – борец“, со почеток во 11 часот.

Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

Иницијативата Го сакам ГТЦ е започната од Асоцијација на архитекти на Македонија со поддршка од професионалци од релевантни области, невладини организации и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ. Идејата за зачувување на автентичноста на ГТЦ доби поддршка и од Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ и жители на станбените кули.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов