Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Од:

Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, а ќе се реконструира и таканаречениот мост кај „Слога“. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов кој денеска беше на лоакцијата каде што се изведуваат градежните работи, рече дека ова е значајно за сите жители на општината, а особено за оние од урбаните заедници “Ќиро Крстев”, „Браќа Џунови” и „Слога”.

– Го оплеменуваме овој простор, ова претставува трета и завршна фаза од големиот проект од пред неколку години. Со посредство на претходната Влада, а преку Бирото за регионален развој и преку Вардарски плански регион, како и со средства од локалниот буџет, успеавме да обезбедивме петнаесет милиони денари за овој зафат. Со тендерската постапка, таа сума се намали на не повеќе од десет милиони денари, појасни градоначалникот.

Тој најави дека веќе се размислува во иднина да се уреди и кејот на реката до кавадаречкото село Ваташа.

– Се надевам дека со Агенцијата за патишта ќе се направи и нов мост на крајот од селото, на местото на стариот. Со тоа би се заокружиле над три километри пешачка и рекреативна патека во еден правец, а дупло повеќе во двете насоки, нагласи Панов.

Задоволство од доизградбата на кејот изразија и околните жители, бидејќи како што рекоа, се реализираат ветените проекти.

На прашањето дали се планира изградба на велосипедски патеки бидејќи се зголемува бројот на велосипедистите, градоначалникот ја спомена идејата за таква патека по течението на реката, до споменикот за 12 младинци во Ваташа. Тој се осврна и на неодамна отпочнатата патека за велосипедисти кон селото Глишиќ.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење