Приведени две лица кај кои била пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници вчера во Скопје привеле две лица бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја.

– На 3 јуни 2021 во 17:20 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он