Приведени двајца српски државјани кои превезувале мигранти од Пакистан

Од:

Двајца српски државјани се приведени утрово откако на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, кај клучка „Демир Капија“, полицијата во возило „Даеву“ со кое патувале, биле откриени седум мигранти од Пакистан.

Од МВР соопштија дека во 05.35 часот полициски службеници ги лишиле од слобода И.С. (47) и А.Љ. (23), двајцата од Република Србија, затоа што во возило „Даеву“ со српски национални ознаки со кое патувале, а го управувал И.С., биле пронајдени седум мигранти од Пакистан.

– Во наведеното време, полициски службеници дале знак за запирање на нивното возило, но тие не застанале и продолжиле со голема брзина, но набргу потоа излетале од патот. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Пакистан, кои во незгодата се здобиле со телесни повреди. И.С. и А.Љ. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип