Приведен жител на тетовско, некој го пријавил дека носи пиштол

Од:

Полицијата денеска околу 14 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово привела жител на Гајре кој кратко пред тоа бил пријавен дека се движи вооружен, информираа од СВР Тетово.

– Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(38) од село Гајре, постапувајќи по пријава пристигната непосредно пред тоа во СВР Тетово дека лицето со себе носи пиштол. Л.М. бил приведен во полициска станица и кај него се пронајдени револвер и куршуми, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ