Приведен уште еден дилер во Кавадарци, пронајдени амфетамин и кристал-мет

Од:

Во текот на денот на подрачјето на Кавадарци, во рамки на полициските активности на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес со цел откривање на дилери на дрога, околу 16.00 часот во близина на паркот во Кавадарци лишен е од слобода П.Ќ.(27) од Кавадарци.

Кај него полициските службеници пронајдоа поголемо пакување амфетамин, а подоцна во неговиот дом предал уште уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет. Лицето е приведено и во координација со Јавен Обвинител од ОЈО Кавадарци против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски