Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

Од:

Приведен е 19-годишник кој со закана кон вработената, ограбил сеф од продавница во Пробиштип, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 01.04.2022 во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип – СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(19) од Пробиштип. Тој се сомничи дека на 31.03.2022 во 20.44 часот во маркет на ул.„Македонски Револуционери“ во Пробиштип со закана кон вработената одзел пари од прометот и од сефот. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари