Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

Од:

Приведен е маж од Стење, кој злоупотребил платежна картичка н 82-годишна скопјанка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 07.03.2022 во 18.00 часот од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода С.С.(38) од с.Стење-ресенско со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ извршена во периодот од 21.08. до 15.10.2021 од оштетената В.С.(82) од Скопје. Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка и биле повлечени 62.000 денари. По превземени мерки и активности утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело. Со него бил извршен службен разговор во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело. Имено тој ја сликал картичката на оштетената и истата во повеќе наврати ја употребил на интернет сајт, каде потрошил 62.000 денари. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосното документирање ќе следи соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка