Приведен криумчар на мигранти

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во 14.20 часот на локалниот пат од с.Долно Количани кон с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Т.(30) од с.Долно Количани.

„За него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари