Приведен агентот за недвижности кој продаде ист стан на повеќе купувачи

Од:

Агентот за недвижности кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама.

Лицето е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое оформи предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.

Агентот е уапсен три недели по пријавувањето на случајот во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра за еден ист стан, двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он