Притвор за насилник од Брвеница кој ги тепал ќерката и сопругата

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.

Во вечерните часови тој пристигнал во домот во алкохолизирана состојба и иако со решение на Основниот суд Тетово му биле изречени повеќе забрани да ги вознемирува домашните и да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката. Тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница.

Во собата влегол таткото на осомничениот, кој побарал од синот да не прави проблеми. Во тој момент, осомничениот од џебот извадил два скалпела, го фатил за коса својот татко и ставајќи му го скалпелот на вратот, му се заканил дека ќе го убие. Потоа го пуштил, а со скалпелите продолжил да им се заканува на домашните со зборовите: „Вечерва ќе има крв“.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва