Притвор за двајца Авганистанци кои претепале и ограбиле Индиец во близина на Табановце

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело разбојништво.

„Осомничените на 13.09.2021 година, во место викано Чифлик, во атар на с. Табановце, со употреба на сила и сериозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намера противправно да го присвојат. Осомничените телесно го повредиле оштетениот откако со сериозна закана и со употреба на нож и на тврд подесен предмет го удриле во пределот на главата. По ударот жртвата паднала на земја, по што двајцата осомничени му ги врзеле рацете и нозете и сериозно му се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот и тело ако не им ги даде сите пари што ги има. Осомничените одзеле 440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати парични средства преку Money Gram во износ од 2300 евра за да биде ослободен.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. Судот го уважи предлогот на Обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово