Притвор за дилерите на дрога од Прилеп

Од:

Основното јавно обвинителство од Прилеп почна истражна постапка против четири лица од Прилеп за кои постои основано сомневање дека набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. На сите четири лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

-Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки. По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата, соопшти денеска МВР.

Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените со цел обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со Решение на осомничените им определи мерка притвор со траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога