Притвор од 30 дена за разбојник од Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – разбојништво, инфомираат од ОЈО Битола.

– Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога оштетената паднала, удирајќи директно со главата на земјата, осомничениот ѝ го одзел паричникот во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото, соопштија од обвинителство.

Со оглед на тоа што постои опасност осомниченото лице да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница