Присилна наплата во компаниите кои ја злоупотребија државната помош

Од:

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, информира дека кај дел од компаниите за кои беше утврдено дека ја злоупотребиле државната помош, веќе е извршена присилна наплата, додека кај други во тек е спроведување на дејства за присилна наплата.

– Кај одредени компании пуштени се опомени и по извесниот рок на опомената се врши присилна наплата. Некаде веќе е завршена присилната наплата, односно се блокирани и одземени тие средства, а некаде се уште сме во фаза на спроведување на дејствија на присилна наплата, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање.

Во тек се интензивни контроли во соработка со Државниот инспекторат за труд за исплата на државната помош за ноември. Директорката Лукаревска најави повеќе детали за скоро време.

– За ноември има поднесени 13.851 барање за 13.090 компании кои добиле помош, а се однесува за 65.537 вработени. Анализата ја правиме во делот на оваа ноемвриска плата дали е исплатена државната помош и за многу кратко ќе излеземе со информација, рече Лукаревска на прес-конференцијата во Владата.

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски