Припадници на АРМ на меѓународна вежба во Црна Гора

Од:

Припадници на Армијата на Република Македонија од составот на Полкот за специјални операции учествуваат на меѓународна теренска вежба „Заеднички предизвик 2017“ што од денеска до 6 јули се одржува во планинскиот полигон за обука „Липово“ во Црна Гора.

Покрај припадниците на АРМ, во вежбата учествуваат и единици од земјата домаќин, односно Црна Гора, и единици од Австрија.

За време на вежбата се очекува да се прикаже високо ниво на интероперабилност меѓу единиците на вооружените сили на трите држави при изведување на НАТО-водени операции за одговор на кризни ситуации/операции за поддршка на мирот, под мандат на ООН, што би се случувале во непристапна планинска средина.

Би можело да ве интересира

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он