ВИДЕО: Пријател на избодениот Бугарин во Скопје: Полицијата точно знаеше колку коли скршнавме во опасната населба

Од:

Пријател на избодениот 29-годишен Бугарин во Скопје, Петар Бозов за бугарската телевизија НОВА зборуваше за инцидентите пред мечот Шкупи – Левски во Скопје.

Петар Бозов стана случаен сведок на нападот, во кој македонските фудбалски навивачи ги нападнаа приврзаниците на „Левски“. Самиот бил повреден откако бил удрен со стап по главата.

Петар е адвокат, има своја канцеларија. Тој вели дека ниту еден негов сонародник кој патувал со повеќе автомобили не е организиран фан, ниту дел од агитација. Тој, исто така, негираше дека учествувал во организирани тепачки.

Според него, избодениот Драго не е во животна опасност. Тој ги повика бугарските власти да помогнат во неговото лекување и транспортирање во неговата земја.

„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Пред него сите бугарски автомобили беа детално проверени дали има оружје. Излезе кордон да не придружува, но на автопатот не напушти и не бевме добро чувани. Пред кривина, возачот на вториот автомобил ми блесна со светло и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме? Јас реков „Да, по трасата што ни ја даде Левски“. До нас застана патролно возило и ги прашавме: „Десно“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот за Чаир“, вели пријателот на избодениот Бугарин.

„Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили скршнаа и завршија во опасната населба“, додава тој.

Околу нив се собрала поголема група мажи од албанско потекло кои почнале да удираат по автомобилите. Таму го избоделе и Драго – другарот на Петар. Бевме тепани со метални предмети и лименки“, се присетува учесникот во она што се случи.

Тој објасни дека полицијата им забранила да се сликаат. Ним им беше одбиен и преведувач за време на сослушувањата. На крајот преведе нашиот амбасадор во Македонија.

Би можело да ве интересира

Полјаците направија хаос во Белград: Скршени излози, полицијата приведува хулигани

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот