Инцидент во „Чациленд“: Избоден е 37-годишен маж

Од:

Триесет и седумгодишниот М.Н. e избоден од наводен блокатор во Чацилeнд, објавуваат српските медиумите.

Инцидентот се случи околу 4.10 часот на платото пред Народното собрание.

Припадници на Министерството за внатрешни работи го уапсија Д.П. (27) под сомнение за сторено кривично дело лесна телесна повреда.

Осомничениот Д.П. избоде триесет и седумгодишен маж во пределот на горниот дел од десниот бут.

Повредениот маж е пренесен на лекување во Ургентниот центар во Белград.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Првото основно јавно обвинителство во Белград со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Најдобрата опција е да не излегуваме на претседателските избори со свој кандидат

А1он

(ВИДЕО) Mу се слоши во утринска емисија во Србија – програмата итно прекината

А1он

(ВИДЕО) Снегот ја парализира Србија, колони возила на автопатот „Милош Велики“

Горан Наумовски

Кој е Радомир Саичиќ, кандидатот на Студентската листа за претседател на Србија?

Формирана граѓанска група „Студентите повторно победуваат“ за претседателските избори

Горан Наумовски

Чупиќ: Европските вредности треба да ги прифатиме заради граѓаните, а не поради Брисел