Претстојната зима ќе биде потопла и со повеќе снег

Од:

Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку надпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.

Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на поголемиот дел од Европскиот континент, така и на тeмпературите на воздухот во Северна Македонија.

Тeмпературите на воздухот во земјава за период декември 2021 – јануари 2022 – февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од околу 2°Ц од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Северна Македонија.

Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Просечната температура за зимата (декември-јануари-февруари) за период 1981-2010 година се движи од -1,5°Ц измерена на метеоролошката станица во Маврово, до 5,0°Ц измерена во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90мм измерени на МС Штип до 319,4мм измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје изнесува 2,0°Ц, а просечната количина на врнежи 110мм.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски