Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ21

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир ги осуди заплашувањето и заканите врз новинари на ТВ21 во општина Арачиново.

– Новинарите се нападнати поради нивната работа, ова е очигледен напад врз слободата на медиумите. Силно го осудувам заплашувањето и заканите против новинарите на ТВ21, истакнува Дезир.

Во соопштението од канцеларијата на Дезир, се потсетува дека новинар и камерман на ТВ21 вчера беа вербално нападнати и заплашени при извршувањето на нивната работа.

– На новинарите најпрво им пристапиле неколку лица, наводно поврзани со градоначалникот на општината, кои покрај вербалните напади побарале да ги избришат снимените материјали и им се заканиле дека ќе им ја уништат опрема. Откако новинарите одбиле да го направат тоа, тие биле однесени во општинската зграда каде повторно им било побарано истото. Потоа тие со сила биле префрлени во Скопје, се вели во соопштението.

Од ОБСЕ наведуваат, дека главниот и одговорен уредник на ТВ21, исто така, бил под закана и под притисок да не ги објавува снимките и дека според достапните информации, инцидентот е пријавен во полиција, а градоначалникот на општина Арачиново потоа јавно го осудил инцидентот и се извинил.

– Ги повикувам властите да спроведат брза истрага и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Од суштинско значење е да се гарантираат безбедни услови за работа за новинарите, порачува Дезир, истакнувајќи дека медиумските професионалци мора да можат да работат без страв од заплашување или напад.

Дезир, во соопштението, потсетува на министерската одлука на ОБСЕ за безбедноста на новинарите, која ги повикува земјите членки „да ги осудат јавно и недвосмислено сите напади и насилства врз новинарите” и ги поздравува осудите на ЗНМ, МАН и ССНМ.

Би можело да ве интересира

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

(ВИДЕО) Терористички напад во Израел, еден мртов, неколкумина се ранети

Горан Наумовски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ