Претставници од Националната гарда на Вермонт на средба со директорот на ДЗС

Од:

Претставници од делегацијата на Националната гарда на државата Вермонт, САД, денеска имаа средба со Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

НГ на Вермонт, заедно со цивилната институција за справување со кризи во Вермонт, се партнери на Европската команда на Армијата на САД во спроведување на Програмата 1204, која опфаќа повеќегодишни активности насочени кон зајакнување на капацитетите на Република Македонија во справување со оружје за масовно уништување/ хемиско, биолошко, радиолошка и нуклеарна заштита.

– Оваа Програма предвидува подготовки на 3-5 годишен план на активности за Република Македонија, на следните теми: капацитети на тимови за ХБРН заштита, поодбрување на инцидент команд системот и национален план за вежби. Тимот од Националната гарда на државата Вермонт ќе биде ативно вклучен во обуката за користење на опремата за хемиско, биолошко, радиолошка и нуклеарна заштита, во обуката за командување на местото на инцидентот (Incident Command system – ICS), како и во поддршка при градење на националната платформа за вежби, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Дирекцијата како носител на активностите во рамките на единствениот систем за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, активно ќе учествува во спроведувњето на активностите од Програмата 1204 на Европската команда на Армијата на САД.

Во делегацијата од НГ на Вермонт кои имале средба со Џафероски биле Кристофер Харик, заменик шеф за јавна безбедност, потполковник Брајан Г. Каванах, директор на Одделот за воена поддршка на цивилно население при Националната гарда на Вермонт, и капетан Бред Петноуд, проект офицер во Одделот за воена поддршка при НГ на Вермонт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Доналд Трамп објави тајни НЛО документи: Во фокусот и фотографија од мисијата „Аполо 12“

Предраг Петровиќ

Рубио најави нови санкции против Куба

Ново обвинение од Вашингтон: Обама поврзан со „рускиот фалсификат“

Багеи: Иран сè уште го разгледува предлогот на САД за прекин на конфликтот

Трамп: Паднаа во океанот како пеперутки во гробовите, прекрасно

САД бомбардираа ирански пристаништа и острови, Иран нападна американски воени бродови