ВИДЕО: Претседателските кандидати си подадоа рака и го потпишаа кодексот за фер избори

Од:

Ден пред почетокот на кампањата за претседателските избори, тројцата кандидати кои влегуваат во трка за претседател, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска – Давкова и Блерим Река,  потпишаа Кодекс со кој се обврзаа на фер и демократски изборен процес.

„Текстот на Кодексот за дер и демократски изброи содржи одредби кои секој кандидат треба да ги почитува. Ова е добар и свечен чин, за да се обврземе дека сите ние ќе го изразиме демократскиот капацитет”, рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Претседателските кандидати си подадоа рака и изјавија дека последниот збор ќе го имаат граѓаните.

„За мене етичките правила се подеднакво важни, а можеби и поважни од правото и правдата. Очекувам тешка борба, иако сум жена. Борба со аргументи, а не византиски. Се надевам дека последиот збор ќе го имаат граѓаните”, рече Гордана Силјановска-Давкова.

Стево Пендаровски рече дека нема дилеми дека тројцата кандидати ќе сторат се за да има демократска борба.

„Мислам дека е добро што во дежавата по толку години потпишувањето на кодексот стана пракса. Во мое име гарантирам дека ова што денес го потпишавме ќе го спроведуваме на терен. Немам дилеми дека тројцата ќе направиме се да имаме демократска борба. Посакувам успешни, фер, демократски избори. Среќно на противкандидатите”, рече Пендаровски.

Според кандидатот Блерим Бека, не е важно кој ќе победи, колку што е важно резултатот да биде регуларен.

„Влегуваме во ново искушение. Не е важно кој ќе победи, важно е резултатот да биде регуларен, со цел да влеземе во ЕУ. Ова нема да биде трка за живот и смрт, туку трка за ново поглавје на држвата. Наше е да ги исполниме обврските од кодексот”, изјави тој.

Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески