Претпладнево магла, во текот на денот променливо облачно

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне по котлините и речните долини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено во северозападниот дел во вечерните и ноќните часови врнежите ќе поминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интензитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10 л/м2, а во понеделник претпладне ќе престануваат.

Во недела и во понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски