Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 24 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во среда условите за нестабилност ќе бидат помали и се очекува во источите делови од земјава. Во четврток се очекува преодно стабилизирање на времето, а од петок повторно ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.