Претпладне сончево, попладне повремен дожд

Од:

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.

Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе биде пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски