Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Од:

Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 18, а максималната од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 14 степени, а максималната до 29 степени.

И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, која ќе биде повеќе локализирана.

В понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на места нестабилно, со локален дожд и грмежи, особено во северозападните предели. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15, а максималните од 25 до 32 степени.

Времето во вторник и среда ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде од 8 до 17, а максималната од 25 до 33 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски