Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд и грмежи

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Поизразена нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, ќе има од четврток до сабота кога локално се можни и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски