Претпладне сончево, попладне дожд

Од:

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран, ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 4, а дневната од 6 до 16 степени.

Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски