Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.