Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.
Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.